Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ербас се спушта од височините - Масовни кратења и можни 6000 откази

Ербас се спушта од височините - Масовни кратења и можни 6000 откази

Авио гигантот Ербас ќе воведе масовно кратење на трошоците кое треба да достигне до 530 милиони долари годишно со цел да останат конкурентни на пазарот кој континуирано бележи стагнација по светската криза во 2008. 

Тоа ги подгреа гласините дека на Ербас му се закануваат масовни отпуштања како што претходно направи нивниот голем конкурент Боинг, па самиот директор Ендерс нема голем оптимизам за задржување на сите работници.

- Кога станува збор за ефикасноста и синергијата, никогаш ништо не е исклучено. Во моментов ние сме во процес на размислување како да ја реорганиизраме нашата корпоративна структура и да ја направиме поефикасна, изјави Том Ендерс.

Според најцрните прогнози доколку нарачките за нови џамбо џет авион опаднат тогаш Ербас ќе биде принуден да отпушти од работа најмалку 6000 работници што сериозно ќе се одрази на самата компанија и продуктивноста.


Слично

Поврзани вести