Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЕР ФРАНС-КЛМ“ ПРЕЗЕМА КОНКУРЕНТ ОД СКАНДИНАВИЈА: Ќе инвестира 144,5 милиони долари во авио компанија која е во длабоки долгови

„ЕР ФРАНС-КЛМ“ ПРЕЗЕМА КОНКУРЕНТ ОД СКАНДИНАВИЈА: Ќе инвестира 144,5 милиони долари во авио компанија која е во длабоки долгови

Француско-холандската авиокомпанија Ер Франс-КЛМ презема 19,9 отсто од акциите во конкурентската скандинавска авиокомпанија SAS.

Извршниот директор на Ер Франс-КЛМ, Бен Смит, рече дека ова е важен момент и за САС и за француско-холандската авиокомпанија, а претседателот на САС, Карстен Дилинг рече дека купувањето претставува „суштински чекор во процесот на трансформација“.

SAS има финансиски проблеми поради пандемијата и е оптоварен со огромни долгови, а надлежните органи, вклучително и Европската комисија и судовите во САД и Шведска, допрва треба да ја одобрат докапитализацијата.

Скандинавската авиокомпанија неодамна објави дека разгледува неколку понуди од потенцијални инвеститори, а SAS треба да добие финансиска инјекција од речиси 1,2 милијарди долари.

Ер Франс-КЛМ ќе инвестира 144,5 милиони долари во SAS. Меѓу инвеститорите во SAS е и Владата на Данска, која има 26 отсто удел во скандинавската авиокомпанија.

ФОТО: EPA-EFE/RAMON VAN FLYMEN

Слично

Поврзани вести