Ер Берлин се симнува од небото, компанијата расцепкана на делови
„Ер Берлин“ по 40 години повеќе нема да постои, а имотот на компанијата како и аеродромските лиценци за полетувања и слетувања ќе ги преземат дел по дел различни авио компании од Европа, при што кај дел од нив има и за купување на авионската флота.
Политичарите изразија жалење поради укинувањето на втората по ред авиокомпанија во Германија. Последниот лет на компанијата ќе се реализира во Берлин.
„Авиокомпанијата со седиште во главниот град, која го носеше името Берлин, во целиот свет беше симпатичен претставник на градот“, изјави градоначалникот на Берлин, Мајкл Милер, за јавниот сервис РББ.
Тој рече дека е разочаран со укинувањето на „Ер Берлин“ и укажа дека градот Берлин бил подготвен да помогне да се спаси компанијата која повеќе од децении го поврзува градот со преостанатиот дел од светот.
Авиокомпанијата во август прогласи стечај кога мнозинскиот сопственик на фирмата, „Етихад“, одбил понатамошно финасирање.
