Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕПП го повика регионот да продолжи со реформите

ЕПП го повика регионот да продолжи со реформите

Европската народна партија (ЕПП) денеска на својот конгрес усвојува резолуција со што едногласно порачува дека идината на Западен Балкан е во Европската унија.

Оваа најголема и највлијателна партија утре, за време на нејзинот пленарен конгрес во Малта треба да усвои резолуција со која ја поддржува евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Во нацрт-резолуцијата, во која имал увид Танјуг, стои дека перспективата за пристапувањето на Западен Балкан и иднината на земјите од региоот во ЕУ имаат неподелена поддршка од ЕПП. ЕПП, во текстот ги повикува сите членови на институциите во ЕУ повеќе да се фокусираат на Западен Балкан и да направат конкретни чекори со цел примена на она што е одлучено со Сараевската декларација, која се однесува на создавање заеднички пазар во регионот.

„Евроинтеграцискиот процес беше најуспешна и најмоќна алатка на Унијата наменета за консолидација на демократските норми и принципи, воспоставуање на функционална економија и достигнување на мир и стабилност“ - велат од ЕПП. 

Оваа партија ги повика земјите од Западен Балкан да не ја изгубат мотивацијата и ангажманите што се неопходни за европскиот пристапен процес.

Регионот се повикува да продолжи со реформите, имајќи ја предвид „јасната европска перспектива и силната поддршка на ЕПП“.

Истовремено се инсистира на воздржаност од етнички провокации во регионот, осудувајќи секакво провокативно и агресивно однесување, кое претставува закана за мирот и стабилноста во регионот.

Слично

Поврзани вести