Епл ќе отвори 20.000 нови работни места
Епл за неколку години ќе отвори 20.000 нови работни места.
Во следните пет години компанијата планира да ги зголеми своите инвестициски планови во САД на 430 милијарди долари. Повеќе од милијарда долари ќе се потрошат за нов кампус и Инженериски центар во областа на истражувачкиот триаголник во Северна Каролина. Епл планира да инвестира „десетици милијарди долари во развој на силикон од новата генерација и иновации во 5Г во девет држави во САД.
Епл објави дека компанијата е „најголемиот даночен обврзник во САД“. Оваа компанија во последните пет години платила скоро 45 милијарди долари внатрешни корпоративни даноци на добивка.
Слично
