Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕПИДЕМИОЛОГОТ ТИОДОРОВИЌ СО ОСТАР ТОН: Колку млади луѓе треба да умрат за да разбереме дека единствениот лек е вакцината

ЕПИДЕМИОЛОГОТ ТИОДОРОВИЌ СО ОСТАР ТОН: Колку млади луѓе треба да умрат за да разбереме дека единствениот лек е вакцината

Сосема слично како и во Македонија и во Србија се повеќе млади луѓе се заразени со корона, а експертите предупредуваат дека причината е што многу малку од нив се вакцинирани.

32-годишен пациент починал синоќа од ковид во болницата во Крушевац, а претходно бил сосема здрав, без никакви коморбидитети. Но тој не бил вкциниран против корона вирусот, соопшти проф. д-р Бранислав Тиодоровиќ, епидемиолог и член на кризниот штаб за борба против ковид -19.

-Момчето, родено 1989 година, почина синоќа во болницата во Крушевац. Пред да се зарази, тој беше здрав, немаше никакви хронични заболувања, но не беше вакциниран. Навистина не знам што друго треба да се случи и колку млади луѓе треба да умрат за луѓето да сфатат дека нашиот единствен лек е вакцината, зарем не научивме во оваа година и половина дека короната не бира, дека никогаш не знаете кој ќе ја победи болеста и, за жал, младите луѓе можат да починат во целосно здрава состојба “, вели за Курир проф. Тиодоровиќ.

Тој истовремено додава:

„Ги молам луѓето, пред се младите луѓе, да се вакцинираат и на тој начин да размислат за себе, но и за сите оние околу нив што можат да се заразат, и чиј имунитет е ослабен поради возраста или коморбидитетот. Никој никогаш не рекол дека вакцината штити сто проценти од инфекција, но се покажа дека во огромното мнозинство случаи дека има ефект во спречување на потешки клинички слики и смртност “.

Во Македонија пак, најмладата жртва од ковид е 15-годишно девојче кое почина вчера на Клиниката за инфективни болести. Здравствените власти известија дека девојчето било донесено  во исклучително тешка состојба и дека едеинствена поисериозна здравствена состојба била нејзината прекумерна тежина. Една недела претходно починаа две 20-годишни момчиња кои немаа никакви коморбидитети.  


Слично

Поврзани вести