Епидемиолог кажа какви маски треба да носат децата кога ќе тргнат на училиште
Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ од Србија откри какви маски треба да носат децата кои ќе тргнат на училиште.
Вели дека треба да бидеме објективни и дека луѓето користат маски какви што може да најдат и да набават.
„Секоја маска е во секој случај голема работа за заштита од ширењето на инфекцијата. Нема причина од тоа да правиме проблем, децата ќе користат онаква маска каква ќе им набават родителите и која најмногу им одговара“, рекол Тиодоровиќ.
Кај нас на настава во училиште ќе одат децата од 1 до 3 одделение, а останатите ученици ќе следат настава онлајн.
Слично
