Економија, финансии, бизнис

Контакт

Епидемијата на морбили се шири – 25 нови регистрирани случаи

Епидемијата на морбили се шири – 25 нови регистрирани случаи
За 10 дена, Центарот за јавно здравје регистрирал 25 нови заболени од мали сипаници (морбили). Бројот на заразени достигна 50, од кои 35 се хоспитализирани, информираат здравствените власти. За уште три случаи испитувањата се во тек. „Од заболените, 38 лица или 72 проценти не се вакцинирани, 5 лица или 9,4 проценти не подлежат на вакцинација, значи се помали од 13 месеци, 4 лица немаат податоци и 6 лица се вакцинирани со една доза на МРП“, рече Лилјана Лазаревска-Центар за јавно здравје Скопје. За да се прогласи прекин на епидемијата на морбили во градот Скопје треба да поминат 24 дена без никој да се зарази.
Слично

Поврзани вести