ЕПИДЕМИЈА: Откриени осум нови случаи на мали сипаници
Бројот на заболени со мали сипаници на подрачјето на Скопје се зголеми на 33 лица, откако здравствените власти потврдија осум нови случаи на заболени од морбили.
На Инфективната клиника се хоспитализирани 12 лица, меѓу кои и едно двомесечно бебе. Најстариот пациент од хоспитализираните има 35 години. Речиси сите лица кај кои биле откриени мали сипаници немале примено МРП-вакцина, а двајца имале примено само една од двете потребни дози од вакцината.
Здравствените власти предупредуваат дека возрасните со потешки симптоми го прележуваат ова заболување, а една трудница од заболените го загубила плодот поради компликации.
Сéуште не е откриен изворот на заразата заради која од вчера е прогласена епидемија во Скопје. Почетните симптоми на мали сипаници многу наликуваат на оние на грип, па затоа лекарите препорачуваат да не се занемаруваат ни најмалите знаци. Повеќе за тоа како можете да ги разликувате, на следниот линк:
Грип или први знаци на морбили – како да се препознаат симптомите?
Слично
