Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕП ќе ги учи СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како се дебатира

ЕП ќе ги учи СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како се дебатира

Очигледно е дека двете најголеми политички партии во земјава сами не можат да ги решат превирањата и да најдат дијалог за актуелните политички случувања, но затоа семинарот на Европскиот парламент „Развој на политичка култура и зајакнување на политичкиот дијалог за одржлива демократија” за таа цел е како добродојден.

Имено, пратеници од влдеачката и опозициската партија овие два дена во ЕП во Брисел ќе седнат на иста маса на која ќе учат како да ги соочат своите аргументи и да остварат дијалог.

Покана за семинарот добија Радмила Шеќеринска и Лидија Димова од СДСМ, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Љубомир Јосифовски од НСДП, Талат Џафери од ДУИ, Љубица Буралиева (независна пратеничка), Имер Алиу од ДПА, како и генералниот секретар на Собранието Жарко Денковски.

Таму заедно со колегите пратеници од западен Балкан  Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија, Турција ќе имаат шанса да дебатираат за политичката култура на овој меѓупарламентарен семинар.

Дебатата е во организација на  Тјери Џејкоб од единицата на претпристапни активности во рамки на Дирекцијата за демократска поддршка на Генералниот директорат за надворешна политика на Европарламентот.

Милошоски со Шеќеринска и Димова ќе се соочи само неколку дена пред да започне официјалното преговарање за решавање на политичката криза во земјава со посредство на тројцата европратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл.

Слично

Поврзани вести