Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕП даде зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ

ЕП даде зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ

Резолуцијата за напредокот на Македонија денеска беше усвоена од страна на Евроспкиот парламент со мнозинство гласови.

Резолуцијата беше предложена од страна на словенечкиот европратеник Иво Вајгл и известувач за Македонија и по девети пат препорача да се одреди датум на пристапните преговори за членството на земјата во ЕУ.

Главната цел на мнозинството европратеници е да не се скрши еланот и да ги забрза реформите поврзани со европските придобивки и да го зацврсти процесот на демократизација.

Европратениците со големо мнозинство потсетија дека разликите околу името не треба да бидат пречка за отворање на преговори и според нив тоа е билатерално прашање кое не треба да биде пречка за почеток на преговорите, иако треба да се реши пред процесот на зачленување, пренесе РСЕ.

Грчките европратеници не ја криеа иритираноста од користењето на името Македонија, од страна на известувачот Иво Вајгл, како и на другите и посебнохрватските европратеници.

Слично

Поврзани вести