Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕНОРМНО ЗАГАДУВАЊЕ: Нема време за чекање, нашите деца се трујат секој ден!

ЕНОРМНО ЗАГАДУВАЊЕ: Нема време за чекање, нашите деца се трујат секој ден!

Тетово и натаму најзагадениот град во светот, каде нивото на загаденост е 17 пати поголемо од дозволеното.

Тетовчани се револтирани и исплашени за своето здравје и најавуваат протести за борбата за чиста воздишка.

„Како претставничка на владата која е на власт, дефинитивно не може да се амнестира од одговорноста за да направи нешто за промена на состојбата. Дефинитивно немаме време да чекаме!... Ние како мајки немаме време ниту да чекаме, ниту да имаме трпение бидејќи гледаме дека нашите деца се трујат секој ден“, порачала Елмедина Абдулаи од граѓанското движење „Мајка и дете“ од Тетово.

Движењето најави протести, откако градоничалничката Теута Арифи не одговори на нивното барање да се спроведи најавеното миење на градските улици со супстанцата калциум магнезиум ацетат, која ги задржува загадувачките честички ПМ 10 на тлото.

Со енормно загаден воздух мака мачат и жителите на Скопје, Битола и Кавадарци.

Во главниот град вчера почна прскањето на улиците со калциум магнезиум ацетат, средство кое ги лепи штетните ПМ 10 честички за тротоарот.

Но, сепак дел од еколошките здруженија, сметаат дека ова не е доволно за намалување на загаденоста. Тие не очекуваат дека новите мерки на градот ќе дадат резултати, бидејќи решението го гледаат во долгорочни мерки.

Долгорочното решавање на проблемот според еколозите е во гасификацијата и квалитетното греење на домаќинствата.

Слично

Поврзани вести