Енигма која мачи многумина: Колку гас Европа навистина сака од Русија?
Европската комисија предупреди дека ограничувањето на цените на природниот гас во ЕУ може да доведе до зголемен одлив на поевтина енергија во земјите кои не се дел од шемата.
Анкара моментално нема информации за количествата руски гас што земјите од Европската унија би биле подготвени да ги купат од Русија, преку проектираниот гасен центар на територијата на Турција, изјави извор од турската влада за ТАС С.
- Во моментов не е јасно колку гас се подготвени да купат Европејците од Русија. Одредени земји од ЕУ се подготвени да се вратат на производството на нуклеарна енергија во обид да ја задржат својата независност од рускиот гас, а сосема е можно сличен развој да има и во други земји - вели изворот.
Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, во вторникот рече дека неговата земја е подготвена да разговара за патоказот за создавање гасен центар на нејзина територија, во согласност со претходниот предлог на Москва.
Сепак, тој рече дека засега нема „точни датуми за разговори со Русија“ за ова прашање, според ТАС С.
Во минатонеделниот говор на Московскиот енергетски форум, рускиот претседател Владимир Путин предложи создавање на најголемиот гасен центар во Европа во Турција и пренасочување на обемот на гас, чиј транзит преку Северниот тек повеќе не е можен, кон овој центар.
Според него, тоа може да значи изградба на уште еден гасоводен систем и создавање центар во Турција, преку кој гас ќе се доставува до трети земји, пред се европски, доколку се заинтересирани.
Според RT, Европската комисија предупреди дека ограничувањето на цените на природниот гас во ЕУ може да доведе до зголемен одлив на поевтина енергија во земјите кои не се дел од шемата, се вели во документот до кој дојде Ројтерс.
Оваа мерка, наводно, може да предизвика зголемување на побарувачката на гас до 9 милијарди кубни метри. Ова ќе резултира со поевтина електрична енергија произведена во ЕУ - за земјите кои не се членки на ЕУ кои увезуваат електрична енергија од блокот, но немаат ограничување на цената, како што се Велика Британија и Швајцарија.
