Економија, финансии, бизнис

Контакт

Енергиа ЛТД од Киев е новата компанија што ќе инвестира во Македонија

Енергиа ЛТД од Киев е новата компанија што ќе инвестира во Македонија
Украинската компанија Енергиа ЛТД ќе инвестира 18 милиони долари и најавува дека ќе отвори 150 работни места во Македонија. Инвестицијата беше најавена вчера, а Украинците и официјално ги потврдија намерите да инвестираат во Македонија. Ќе градат фабрика во слободната економска зона Скопје 2 на површина од осум хектари. Компанијата се занимава со производство на вода за пиење, дезинфекција на отпадни води, чие производство е врз основа на нова технологија со највисоки еколошки стандарди, патентирана во САД. Годишниот извоз би бил 20 милиони евра, а производството ќе биде наменето за Блискиот Исток, Африка, Источна и за Централна Европа.
Слично

Поврзани вести