Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕНЕРГЕТСКИТЕ КОМПАНИИ БАРАЛЕ МНОГУ ПОГОЛЕМ ПОРАСТ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА - ќе се укине ли евтината дневна тарифа

ЕНЕРГЕТСКИТЕ КОМПАНИИ БАРАЛЕ МНОГУ ПОГОЛЕМ ПОРАСТ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА - ќе се укине ли евтината дневна тарифа

Министерот за емкономија Крешник Бектеши и денеска го повтори ставот дека струјата од први јануари идната година нема да поскапи за повеќе од 10 отсто. Владата на затворена седница одлучила поскапувањето да не биде поголемо од тој процент. Сепак, Бектеши призна дека државните Електрани, односно ЕСМ, барале многу повеќе. По која цена ЕСМ ќе ја продава струјата на ЕВН Хоум официјално ќе се знае утре, кога и истекува тендерот на Универзалниот снабдувач.

„Согласно сите проекции, зголемување над 10 отсто нема да има, се отфрлаат сите анализи, сите видувања и од експерти во областа на енергетиката и од политички партии, дека зголемувањето ќе биде 30, 40 па и 50 проценти. Да, вистина дека енергетските компании побараа поголемо покачување, може и 100 отсто. Но, ние како одговорна влада, како економски тим, најдовме начин да им излеземе во пресрет на граѓаните и цената нема да се зголемува над 10 отсто“ изјави Бектеши.

Според него, со зголемено домашно производство државата ќе се справи со енергетската криза и граѓаните нема да почуствуваат големи ценовни шокови. 

Не е исклучено да се укине дневната евтина тарифа за домаќинствата.

Слично

Поврзани вести