Енергетскиот гигант ја проширува империјата - Шел ја купува ARC Resources за 16,4 милијарди долари
Британскиот енергетски гигант Шел го објави купувањето на канадската компанија ARC Resources во трансакција вредна околу 16,4 милијарди долари, што претставува една од најголемите аквизиции во енергетскиот сектор во последните години.
Ова е таканаречена проценка на вредноста на претпријатието, која вклучува преземање на долг од приближно 2,8 милијарди долари, додека вредноста на самата компанија (капитал) е околу 13,6 милијарди долари.
Со овој потег, Шел значително го зајакнува своето присуство во Западна Канада, еден од клучните региони во светот за производство на нафта и природен гас.
Извршниот директор на Шел, Ваел Саван, изјави дека аквизицијата дополнително ќе ја зајакне Канада како една од главните области на работење на компанијата.
Од друга страна, првиот човек на ARC Resources, Тери М. Андерсон, нагласи дека приклучувањето кон глобалната групација ќе ѝ овозможи на компанијата да го реализира својот целосен потенцијал и да игра важна улога во иднината на енергетскиот сектор.
ARC Resources експлоатира нафтени и гасни наоѓалишта во канадските провинции Британска Колумбија и Алберта, кои се сметаат за меѓу енергетски најбогатите региони во светот.
British energy giant Shell to acquire Canadian energy company ARC Resources for $16.4bn, expanding access to shale gas and liquids production.#ShellARCDeal #EnergyAcquisition #Canada #GlobalEnergy #PakistanTV pic.twitter.com/azui7T5Kld
— Pakistan TV (@PakTVGlobal) April 27, 2026
Компанијата има дневно производство од приближно 400.000 барели нафтен еквивалент, што ја прави еден од најзначајните производители во Канада.
Покрај нафта и природен гас, таа произведува и производи од природен гас и кондензати, кои се неопходни за понатамошна преработка и индустриска употреба.
Оваа аквизиција доаѓа во време кога енергетскиот сектор поминува низ фаза на интензивна консолидација, предизвикана од промените на глобалниот пазар, растечката побарувачка за енергетски производи и потребата од оптимизирање на трошоците.
Shell веќе има развиено операции во Канада, па аквизицијата на ARC Resources дополнително ќе ја зајакне нејзината производствена и логистичка инфраструктура во овој регион.
Трансакцијата веќе е одобрена од одборите на директори на двете компании, а сега следи процес на добивање регулаторни и други потребни одобренија. Се очекува договорот да се затвори во втората половина од оваа година.
Shell acquires ARC Resources for $16.4bn at a 20% premium, adding ~370 kboe/d.
— The Transcript (@TheTranscript_) April 27, 2026
The deal targets double-digit returns, is FCF/share accretive from 2027, and underpins 40–50% CFFO distributions through the cycle. pic.twitter.com/HDvb0X5YHk
Доколку се спроведе според планот, ова би можело да биде една од најзначајните енергетски аквизиции во светот во 2026 година, со потенцијал значително да влијае на глобалниот пазар на нафта и гас.
Фото: Принтскрин/Икс