Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕНЕРГЕТСКИ ШОК НА ЕВРОПСКИТЕ БЕРЗИ: Вртоглав раст на цената на гасот поради западните санкции на Русија

ЕНЕРГЕТСКИ ШОК НА ЕВРОПСКИТЕ БЕРЗИ: Вртоглав раст на цената на гасот поради западните санкции на Русија

Енергетскиот шок вчера ги потресе европските берзи, што е последица на конфликтот во Украина и санкциите што Западот ги воведува кон Русија.Вртоглаво поскапување на енергенсите на берзите поради санкциите на Запад кон Русија

Цената на гасот го собори рекордот на сите времиња, скокајќи повеќе од 500 долари за само неколку часа од почетокот на тргувањето. Во некои земји на ЕУ, синото гориво надмина 3.000 долари за 1.000 кубни метри. Цената на гасот е 2.226 долари на Лондонската берза и холандскиот центар ТТФ. Очигледно се остварија прогнозите на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, направени на 22 февруари, по прекинот на сертификацијата на „Северен тек 2“.

- Добредојдовте во новиот свет каде што Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за гас - изјави тогаш Медведев.

Цената на суровата нафта од типот „брент“ продолжува да дивее, а вчера надмина 113 долари за барел, првпат од 30 јуни 2014 година. Енергетичарот Жељко Марковиќ за српски Новости истакнува дека струјата и гасот се на европскиот пазар за последните две недели се 50 до 60 отсто поскапи.

Според него, цената на струјата на европските берзи вчера била околу 330 евра за мегават-час. Како што објаснуваат економистите за „Новости“, веќе има инфлација предизвикана од пандемијата на глобално ниво, а нејзините причини не се елиминирани. Поскапувањето на енергенсите дополнително ќе се прелее на цените на производите и услугите и ќе ги издигне до небо. Ниту Србија нема да може да избегне сериозни инфлациски притисоци. Љубодраг Савиќ, професор на Економскиот факултет, објаснува дека минатогодишниот привремен скок на гас над 2.000 долари се разликувал од сегашниот. Тогаш тоа беше последица на шпекулативни дејствија, а сега ситуацијата е посложена.

-Санкциите се повеќе се заоструваат и нема да има големо поместување на цените надолу - вели Савиќ.

- Во глобализиран свет каде секој зависи од секого, одлуките на Европа се опасни. Ова ќе го стави светот во спирала на неверојатен раст на цените. Сè уште не сме стигнале до фаза ова поскапување на енергенсите да се прелее на сите производи и услуги.

Тој посочува дека Србија е под огромен притисок да се приклучи на санкциите. За да се постигне тоа, Западот би можел, како што предупредува, да го намали или да го прекине дотокот на гас во нашата земја, кој сега ни доаѓа преку Турција и Бугарија, а и двајцата се членки на НАТО.

- Во таа ситуација би заминале повеќето западни компании кои работат и користат гас овде, луѓето би останале без работа, би се намалил приливот во буџетот - прецизира Савиќ.

Дека состојбата е тешка и крајно неизвесна посочува и економистот Иван Николиќ.

- И Европа и ние сме исклучително погодени во енергетскиот дел - вели Николиќ.

- Доколку ова ниво на цените се одржуваше во текот на целата година, многу европски земји ќе беа во сериозен проблем во платниот биланс. Во еврозоната цената на енергенсите овој февруари порасна за 34,7 отсто во однос на истиот месец лани, а за 28,8 отсто во однос на јануари. Тоа е страшен скок.

За барањето на Русија да се плаќа во рубљи, професорот Савиќ вели дека тоа нема да важи за Србија. Тој објаснува дека на тој начин Руската Федерација всушност им излезе во пресрет на земјите кои и воведоа санкции и ја исклучија од СВИФТ системот, за да можат да плаќаат и преку трети земји.

ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

СКОК на цената на синото гориво влијае на поскапувањето на струјата во земјите од ЕУ, бидејќи тие користат гасни централи за производство на струја. Во зимскиот период кога побарувачката е поголема, таа е поизразена.

- Растот на цената на гасот од едно евро ја зголемува цената на струјата за две евра - вели Жељко Марковиќ, експерт за енергетика.

- Тој скок на цената на струјата кај нас ќе се одрази во делот што зависи од увозот. ЕПС произведува 70 отсто од својата електрична енергија од јаглен.

Слично

Поврзани вести