Економија, финансии, бизнис

Контакт

Енергетската сиромаштија зема замав, граѓаните загрижени како ќе ја минат зимата

Енергетската сиромаштија зема замав, граѓаните загрижени како ќе ја минат зимата
Енергетската сиромаштија е голем проблем, но не е соодветно дефинирана и не се спроведуваат соодветни политики за справување со неа, велат експертите. На конференција на тема: „Енергетска сиромаштија во Македонија и регионот", се зборуваше познавачите на состојбите заедно со претставници на институциите и граѓанските здруженија зборуваа за значењето на снабдувањето со енергија во Македонија и регионот, за политиките но и за справување со енергетската сиромаштија. „Дефиниција за енергетската сиромаштија кај граѓаните или домаќинствата е: „едно домаќинство кое не може да си дозволи да има пристап до енергија, која е потребна за основните дневни барања за осветлување, готвење и затоплување“. Ве уверувам дека Градот Скопје и натаму ќе ја продолжи борбата против енергетската сиромаштија и ќе даде силна поддршка на иницијативите поттикнати за нејзино намалување“, истакна градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски кој зема учество на конференцијата. И покрај ваквите најави, енергетската сиромаштија е закана за граѓаните, енергенсите поскапуваат, а греењето во зима е страв за многу семејства . „ Во Македонија во последно време се отвораат алармантни социјални прашања, кои јавуваат како резултат на растечката разлика помеѓу реформите на енергетскиот пазар и социјалниот развој. Ова беше порачано од страна на иницијативата АМАН, која одржуваше редовни протести во Скопје. Иницијативата АМАН го изрази граѓанското незадоволство од растот на цените на енергенсите и ги посочи тешкотиите на населението да се справи со овие трошоци“, изјави Ања Чимек од Фондацијата Конрад Аденауер која беше еден од организаторите на конференцијата. Според Ана Стојиловска од здружението Аналитика, енергетската сиромаштија иако е признаена како проблем во регионот не е соодветно или многу тесно дефинирана, а не се ни спроведуваат мерките за нејзино справување. Либерализацијата на пазарот пак е посебен проблем. „Искуството покажува дека доколку не се преземат соодветни придружни мерки, овој реформски процес на либерализација и дерегулација на енергетскиот пазар може да влијае негативно на секојдневниот живот на обичниот граѓанин“, смета Елизабета Георгиева од ЕУ Делегацијата во Македонија. Странските експерти сметаат дека е неопходно да се знаат одредени параметри за да се дефинира енергетска сиромаштија.Владата дава по 700 денари месечно субвенции за енергенси за социјално ранливите домаќинства, од пред три годино, но годинава мена да субвенционира греење со дрва.
Слично

Поврзани вести