Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗНА СОСТОЈБА ЌЕ ТРАЕ СЕ ДО 9-ТИ ЈУЛИ ИДНАТА ГОДИНА - Владата бара продолжување на рокот

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗНА СОСТОЈБА ЌЕ ТРАЕ СЕ ДО 9-ТИ ЈУЛИ ИДНАТА ГОДИНА - Владата бара продолжување на рокот

Владата на денешната седница го утврдила текстот на Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.
„Со оваа Предлог-одлука му се предлага на Собранието да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во наредните шест месеци, односно до 9 јуни 2022 година“, се вели во владиното соопштение до јавноста.
Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба, тврдат од власта, има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија.

Слично

Поврзани вести