Економија, финансии, бизнис

Контакт

Енергетската криза ги „тресе“ и цените на нафтата

Енергетската криза ги „тресе“ и цените на нафтата

Цените на нафтата се стабилизираа на највисоко ниво од 2014 година. 

Фјучерсите во Њујорк се тргуваа за повеќе од 82 долари за барел. Тие скокнаа за 2,5 отсто во последните три сесии. Суровата нафта се зголеми во изминатите осум седмици, затоа што енергетската криза – предизвикана од недостигот на природен гас и јаглен – се совпадна со закрепнувањето на побарувачката од клучните економии.  Колапсот ги зголеми нарачките од рафинериите за нафта во Азија кои сакаат да обезбедат алтернативно снабдување со гориво. 

Русија не испраќа повеќе природен гас во Европа, додека ОПЕК + не успева да пумпа доволно сурова нафта за да ја исполни својата цел за производство, што ја влошува кризата со снабдување на енергетските пазари.  

Најниската цена некогаш беше во април лани, кога светската економија беше скоро целосно запрена од пандемијата и кога барел чинеше само еден долар. 

Енергетската криза веќе се чувствува во повеќе земји во светот. 

Слично

Поврзани вести