Економија, финансии, бизнис

Контакт

Енергетската криза е бунар без дно за владиниот буџет, во 2021 потрошени 86 милиони евра

Енергетската криза е бунар без дно за владиниот буџет, во 2021 потрошени 86 милиони евра

На последниот ден пред Нова Година на сметката на АД ЕСМ од владиниот буџет легнале уште 6 милиони евра за поддршка со справувањето со енергетската криза. Со тоа помошта за државните електрани во 2021 се заокружува на 86 милиони евра, исплатени за помалку од два месеци, покажува прегледот на „отворени податоци“.

На 31 декември регистрирани се две трансакции од 227 и 137 милиони денари, или вкупно 364 милиони денари. 

На сметката на АД ЕСМ претходно легнаа 80 милиони евра од владиниот буџет. пари со кои треба да се засили домашното прпизводство на електрична енергија, но и да се покријат сопствените како и загубите на МЕПСО, како и да се набави мазут, пред се за ТЕЦ Неготино.

Владата на ЕСМ во текот на ноември му префрли 4 милијарди денари, како еднократна помош, но од тогаш наваму и понатаму носи одлуки за дополнителна финансиска поддршка на акционерското друштво.

Следуваа уште 930 милиони денари во текот на декември. Овие „кризни“ 15 милиони евра се префрлени за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино.

Засега остануваат најавите дека во јануари ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола, но не е познато до кога ќе траат овие буџетски интервенции.

Овие суми Владата ги издвојува само заради стопроцентно снабдување со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Големите компании се снаоѓаат самите на слободниот пазар каде што цените се многу повисоки.

Од овој месец струјата е поскапена за 9,48 проценти, а се укина и дневната евтина тарифа за струја. Ноќната евтина тарифа и евтината тарифа во недела ќе останат.

Во меѓувреме ЕСМ продолжува со склучувањето на договори со градежните компании за ископ на јаглен од локалните рудници.

А.К.

Слично

Поврзани вести