ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА СЀ ПОСИЛНО ГО ТРЕСЕ СВЕТОТ: Нејзиното решение главна тема на самитот на ЕУ
Статистиката покажува дека Европската унија покрива 97 отсто од потребната нафта и 90 отсто од гасот преку увоз.
Вчера и денес се одржува Самитот на Европската унија, а главна тема е решението на енергетската криза. Во пресрет на Самитот, претседателот на Европската комисија ги повика членките на Унијата да ја намалат зависноста од природниот гас. Истовремено, Русија бара Германија што поскоро да издаде сертификат за гасоводот Северен тек 2, што би можело да го подобри снабдувањето со гас.
Статистиката покажува дека Европската унија покрива 97% од потребната нафта и 90% од гасот преку увоз. И претседателот на Европската комисија потсетува дека обновливата енергија може да се произведува и во домаќинството и ги повикува членките да се одвикнат од гасот и да ја забрзаат транзицијата кон чиста енергија за да ја направат Унијата енергетски независна.
- Транзицијата кон чиста енергија не е само од витално значење за планетата. Тоа е клучно за нашата економија и да се спротивставиме на шоковите на цената на енергијата. Така, Европа денес премногу се потпира на гасот. Ние увезуваме 90 проценти од гасот и тоа не прави ранливи. Одговорот е во диверзификацијата на добавувачите – изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Очигледно е дека Европската унија не се откажува од својот „зелен договор“. Тоа значи – во 2050 година, без фосилни горива, од кои Унијата денес обезбедува 40 отсто од електричната енергија. Половина од тие киловати се од гасни електрани. Експертите оценуваат дека брзото откажување од гас е нереално.
- „Северен тек 2“, кој практично треба да ги удвои гасните капацитети од Русија до Европа, првенствено ќе биде од големо значење за тоа производство од една страна. Од друга страна, сведоци сме на тие геостратешки игри, односно на обидите на Европа да ја намали увозната зависност од рускиот гас, кој сега доминира во вкупниот увоз за околу 40 отсто - изјави Жељко Марковиќ, шеф за енергија и ресурси во Делоит.
Во исто време, Русија официјално ја покани Германија да го потврди новиот гасовод Северен тек 2 пред предвиденото. Гасоводот има две цевки што ги поврзуваат под Балтичкото Море, а едната е подготвена за испорака што, како што велат, би ги ублажила сегашните енергетски тензии.
Иако е изградена и покрај американското противење, се уште нема договор меѓу „Северен тек 2“ меѓу членките на Европската унија, што го попречува неговото сертифицирање.
- Северен тек 2 „може да се наполни само со 50 отсто капацитет затоа што „Северен тек“ може да биде оператор со само 50 отсто капацитет, а останатите 50 отсто некој друг, затоа што „Северен тек“ е и сопственик на гасот и сопственик на гасоводот и тоа е спротивно на стандардите на Европската унија со тој фамозен, „Трет енергетски пакет“ - изјави економистот и поранешен дипломат Среќко Ѓукиќ.
Дека е тешко да се најде брзо и одржливо решение за кризата која го тресе целиот свет - покажува и интересниот предлог на словенечкиот пратеник во Европскиот парламент, Тања Фајон. Вели дека Европа е на работ на енергетска криза и има потреба од „Европски енергетски Маршалов план и стратешки резерви кои ќе ги спречат шпекулациите и ќе обезбедат стабилно снабдување“.
