Економија, финансии, бизнис

Контакт

Енергетската иднина на Македонија мора да биде „зелена“

Енергетската иднина на Македонија мора да биде „зелена“

Енергетската ефикасност и искористувањето на алтернативните извори на енергија мора да бидат главен фокус на секоја земја со цел полесно да се соочи со предизвиците во иднина, посочија од тинк тенкот Аналитика по направените анализи и сеопфатен проект за развој на македонската енергетика. 

Загадувањето е превисоко, а најголем загадувач во Македонија е енергетскиот сектор- велат од невладината „Аналитика“. Македонија, како и сите земји од ЈИЕ треба да се зафати со алтернативни планови за креирање енергетски модели и сценарија за поголема енергетска ефикасност и поголема искористеност на обновливите извори на енергија.

Ако се спореди парично, ако инвестираме во јаглен и ако инвестираме во користење обновливи извори на енергија како сонце, ветер, енергетска ефикасност, велосипедизам, електронски возила тогаш сумата е скоро иста, некаде околу четири милијарди евра од 2010 до 2050 година, вели Соња Ристовска, истражувачки и менаџмент координатор на „Аналитика тинк тенк“.

Целта на четиригодишниот проект е да се покаже дека е возможна алтернатива од сегашната состојба, која е зелена, одржлива и е корисна за економијата со можност за отворање на нови работни места, додека пак бенефитите за животната средина и квалитетот на животот ќе бидат драстично зголемени.

Конференцијата „Иднината на енергетиката - каде Македонија и ЕУ се среќаваат“ се одржи во ЕУ инфо центарот во организација на Аналитика и еколошките здруженија „Еко свест“ и „Фронт 21-42“.


Слично

Поврзани вести