Енергетика: Секое семејство може да заштеди и до 1000 евра годишно
Анализите од енергетскиот сектор покажуваат дека потрошувачката на струја расте во услови кога овој енергенс поскапува и е дефицитарен. Освен нови инвестиции потребна е рационализација во потрошувачката и на долг рок тоа ќе обезбеди стабилност. Заштедите од електрична енергија се големи, во јавните згради и до 40% но овој процент може да биде поголем. Домаќинствата годишно може да штедат и до 1000 евра, а компаниите и стотици илјадци, со што ќе се ослободат средства за друга намена. Во услови на општа економска криза тоа ќе биде добро за целото стопанство. Ова нека се сфати и како апел до граѓаните за што порационално користење на енергијата, изјави Министерот за економија Ваљон Сарачини, на трибината за енергетска ефикасност што се одржува во Струмица.
Слично
