Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕНЕРГЕНСИТЕ НИ СТАНУВААТ ОГРОМЕН ПРОБЛЕМ - ВУЧИЌ: Набргу стартуваме преговори за цената на гасот

ЕНЕРГЕНСИТЕ НИ СТАНУВААТ ОГРОМЕН ПРОБЛЕМ - ВУЧИЌ: Набргу стартуваме преговори за цената на гасот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека трговската размена меѓу Србија и Германија годинава ќе биде над седум милијарди евра.

„Германија станува убедливо најважната земја за нас“, рече Вучиќ по средбата со германската министерка за надворешни работи Анален Бурбок.

Како што истакна Вучиќ, во политичка смисла, позицијата на Србија никогаш не била потешка.

И се плашам, со се што следи и со се што имаме и во економска смисла. Досега успеавме се да надминеме благодарение на тоа што имавме добри јавни финансии и добра и силна економија. Големата и важна вест е дека според блиц проценката „Во првиот квартал имаме раст од 4,3 отсто“, рече Вучиќ.

„Во Европа никаде нема инвестиција, тоа е три пати помалку од минатата година, секаде, бидејќи луѓето се вклучени во војна“, додаде претседателот.

Се разговараше и за енергијата и гасот.

„За каква диверзификација да зборуваме? Ние ќе имаме можност дури за две години нешто да стигне до Србија, но прашање е што. Работиме на таканаречениот бугарски интерконектор, ние го работиме од наша страна. Бугарите допрва треба да распишат тендер, а потоа уште најмалку 300 дена да го изградат. Што да се донесе, од каде, не паѓа од небо. Германија има 55 отсто зависност од рускиот гас, ние имаме 100 отсто, како многу други земји. Енергијата ни станува огромна неволја, со Русите по 10-ти почнуваме преговори за цената на гасот“, рече Вучиќ.

Што се однесува до нафтата, Вучиќ посочува дека и тука има повеќе проблеми.

„Дали ќе ја носиме со Јанаф, затоа што и не можеме поинаку, е сега, кој е санкциониран, кој не е, кој нема да биде - дури сега ни останува да прпоучуваме. Во последниот месец, повеќе од 60 проценти од нашата нафта е руска нафта, порано беше повеќе од 60 отсто ирачка нафта. Сега има повеќе руска бидејќи е поевтина на пазарот“, рече претседателот на Србија.

Извор: Блиц.рс

Слично

Поврзани вести