„Емпорики банк“ купена за едно евро
Едно евро е симболичната цена со која Грчката „Алфа банк“ постигнала договор за купување на „Емпорики банк“ од француската „Креди Агрикол“.
„Креди Агрикол“, која е трета по големина банка во Франција, ги продава своите дејности во Грција поради финансиската криза во земјата, која доведе до сериозни загуби по кредитни и владини обврзници.
„Алфа банк“ вчера објави дека условите на договорот не се променети од претходно објавените овој месец. Таа ќе ја купи конкурентната банка за едно евро откако „Креди агрикол“ даде 550 милиони евра кон капиталната инекција во вредност од 2,3 милиони евра направена во јули. Договорот ќе биде финализиран до крајот на годината
Слично
