Демонстрантите со кукли на аболицираните се упатија кон Владата
Граѓаните кои протестираат носат надувани кукли со ликовите на Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер во затвор.
На протестот има и припадници на влашката заедница во Македонија, а денеска се одбележува и 23 Мај-Денот на Власите. Демонстрантите порачуваат „Не за криминалот, не за аболицијата“. Од пред СЈО тргнаа кон Владата, а оттука ќе продолжат кон Собранието. На протестот ќе има и говори.
Се протестира повеќе од 40 дена против аболицијата на претседателот Ѓорѓе Иванов и се бара тој да ја повлече оваа одлука.
Слично

