Емирот Ал Тани изрази подготвеност за интензивирање на економската соработка
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов оствари средба со емирот Тамим Ал Тани во Катар со кого разговараше за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји претставувајќи му ги притоа условите кои земјава ги нуди за странските инвеститори.
„Добрите политички односи, редовниот дијалог на највисоко ниво и солидната правна рамка создаваат услови за интензивирање на економската соработка и за катарски инвестиции во земјава“, изјави претседателот Иванов
Иванов- Ал Тани: Интензивитање на економската соработка
Ал Тани на средбата со Иванов оценил дека катарските комапнии се подготвени да влезат со свој капитал на територијата на Република Македонија, а како посебни области од интерес за инвестирање биле посочени земјоделието, производството на храна, градежништвото, инфраструктурата, туризмот, недвижностите, телекомуникациите.
На дипломатски план договорено е да продолжи соработката и заемната поддршка во Обединетите Нации, во рамките на Алијансата на цивилизациите.
Слично
