Економија, финансии, бизнис

Контакт

Емиратите градат нафтовод што го заобиколува Ормутскиот теснец - кога ќе профункционира?

Емиратите градат нафтовод што го заобиколува Ормутскиот теснец - кога ќе профункционира?

Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ) ќе ја забрзаат изградбата на нафтовод што го заобиколува Ормутскиот теснец, објави Канцеларијата за односи со јавноста во Абу Даби.

„Принцот на ОАЕ, Халед бин Мухамед бин Зајед претседаваше со состанокот на Извршниот комитет на Одборот на директори на Државната нафтена компанија во Абу Даби, каде што беше дискутирано за ажурирањето на новиот проект за нафтовод „Запад-Исток“, кој треба да започне со работа следната година и да го удвои извозниот капацитет на Компанијата преку градот Фуџаира, со цел да се задоволи глобалната побарувачка за енергетски производи“, објави Канцеларијата на „Икс“.

Канцеларијата додава дека гасоводот моментално е во изградба и се очекува да биде пуштен во употреба следната година, објавува Capital.ba.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести