Економија, финансии, бизнис

Контакт

Емир Кустурица: Му предложив на Путин да распореди руски проектили во мојот двор

Емир Кустурица: Му предложив на Путин да распореди руски проектили во мојот двор

Познатиот српски режисер Емир Кустурица му понудил на претседателот Владимир Путиин руски ракети да бидат стационирани во неговиот дворот. Режисерот раскажува за неговата идеја пред српското списание „Искра“, коментирајќи го учеството во свеченостите по повод 10-годишнината на ТВ каналот „Russia Today“.

„Ние разговаравме со претседателот на Русија, Владимир Путин за широк круг на прашања и на прво место создавањето на руска воена база на Балканскиот Полуостров, која треба да биде во Србија. Му реков дека сум подготвен, ако треба, ракетите да бидат распоредени во мојот двор“. Тоа го споделил Кустурица без да ги прецизира конкретните причини за својата одлука.

Српскиот режисер и неговата сопруга Маја биле помеѓу гостите на 10-годишниот јубилеј на глобалната медиумска-мрежа „Russia Today“. На свечената вечера Кустурица и неговата сопруга седеле заедно со Владимир Путин.

Емир Кустурица неколкупати споделувал зошто го поддржува претседателот на Русија, Владимир Путин и зошто го смета пгроширувањето на НАТО на Балканот како контрапродуктивен потег. Според него, рускиот лидер се труди да не ја дозволи победата над целиот свет на оној систем кој Кустурица го споредува со епохата на фараоните. Нивниот белег е богатството на 3% од населението, додека сите други живеат во сиромаштија.

Кустурица смета дека причините за постоењето на НАТО веќе не се актуелни. „Знаеме дека НАТО, односно западниот воен сојуз, беше создаден за уништувањето на Варшавскиот договор, но тој и до денес го продолжува своето постоење. Со Каква цел? За борба против тероризмот? Не е многу убедливо“.

Слично

Поврзани вести