Економија, финансии, бизнис

Контакт

Емилија Лазаревска, новинар “Телма“: Заканувачки пораки до медиумите!

Емилија Лазаревска, новинар “Телма“: Заканувачки пораки до медиумите!
Новинарите генерално со негодување го прифаќаат обидот на обвинителството да сугерира дека сите идни снмики поврзани со акцијата ПУЧ не смеат да се објавуваат. Сепак, спротивставени ставови имаат двете новинарски здруженија ЗНМ и МАН. Во денешниот преглед, за Фактор, дел од македонските новинари ги споделуваат своите видувања. Емилија Лазаревска, новинар “Телма“: Заканувачки пораки до медиумите! Одлуката и препораката на Јавното обвинителство да не се објавуваат снимки од “Пуч“ е без преседан, заканувачка порака до медиумите дека кривично ќе одговараат дури и ако пренесат информација објавена од некого во јавноста. Што е различно од веќе објавениот тајно снимен разговор што објави телевизија Сител, меѓу Грувески и Заев, за што веќе требаше да се преземат истражни дејства за тоа од каде им е снимката и кој снимал во кабинетот на премиерот? Затоа сметам дека реакцијата на ЈО е во тесна корелација со постапките на владеачката гарнитура за да го спречат објавувањето на материјалите што ги поседува опозицијата.
Слично

Поврзани вести