Економија, финансии, бизнис

Контакт

Емил Тедески: Почнавме од гаража, сега гледаме кон западна Европа

Емил Тедески: Почнавме од гаража, сега гледаме кон западна Европа

Првиот човек на хрватската Атлантик група Емил Тедески изјавил дека таа групација е заинтересирана за ширење кон Западна Европа и не по залудни цени.

„Ние сме заинтересирани за консолидација, за укрупнување на производното портфолио, но не безусловно. Нашите стремења се кон западна Европа, посебно кон Германија, Австрија и Швајцарија, потоа кон нордиските земји, Данска и Шведска“, изјавил Тедески за Н1.

Говорејќи за настанувањето и развојот на Атлантик групата, Тедески рекол дека првата декада на развој до 2001 година ја обележал органски раст, а потоа дошле под рефлектори кога ја направиле првата аквизација купувајќи ја Цедевита од Плива.

„Бевме млада екипа од гаража, а ја купивме многу транспарентно Цедевита од Плива. Имаше многу разговори како тоа дека Плива го продала семејното сребро, а добивав и бројни повици од колегите кои ми говореа зошто купувам производ кој умира. Денес, кога ние повеќе пати ги зголемивме производните резултати, кога направивме максимална експанзија не само во регионот туку и надвор, кога Цедевита ја внесовме во угостителските објекти, кога направивме Цедевита во шише, одеднаш луѓето коментираат поинаку“, рекол Тедески.

Тој на прашањето каде е хрватска Подравка во бизнис плановите , компанијата на чие чело е тој, Тедески рекол дека не е тајна оти во 2008 и 2009 се обиделе да ја купат таа компанија но дека не постоела согласност од сите политички учесници во тогашната влада.

Објаснил дека смета оти односот на владата би требало да се промени кон Подравка и дека би требало да се промени нејзиниот статус како главна компанија за земјоделско производство во Хрватска и додал дека во случај да реши да купи дел во Подравка се ќе биде транспарентно и ќе биде известена прво Загребачката берза.

„Ние се што направивме, го направиме исклучително транспарентно, објавивме и преку берза. Ниедна држава ништо не ни продаде, а на секоја компанија, која ја преземавме, и додадовме на вредност. Јас сметам дека Атлантик групата е злато или дијамант, а секој кој сака може да создаде нова вредност во Атлантик групата или во Подравка“, наведува Тедески.

Слично

Поврзани вести