Емил Teдески: Не ми е проблем ако со докапитализација ми се намали сопственоста во Атлантик под 50%
Иако Атлантик групата е попозната по стекнување, а не по продажба на имот, продажбата на две фабрики, од сегментот на спортска и активна прехрана наиде на одобрување кај акционерите и аналитичарите, пишува Лидер.
Но, тука и немаше многу избор. Негативните трендови во тој сегмент, губењето на главниот купувач Хербалајф и падот на продажбата на сопствените брендови, ги повлекоа надолу и резултатите за 2016 година и за првиот квартал од оваа година.
Кога на таа криза ќе се додаде и Агрокор, која помалку или повеќе влијае на сите во овој регион, треба да се појави загриженост за текот на парите, профитабилноста и да се запре падот на приходите.
Во тој контекст добредојдени ќе бидат 200 милиони куни од продажба на фабриките во Германија и Нова градишка, на белгискиот Aminolabs Group, без разлика дали со тоа Атлантик груп ќе изгуби.
Продажбата на фабрики - добар потег
Аналитичарите сметаат дека ова е добар потег при раскинување на договорот со Хербалајф за производство на приватни марки, и можност од вишок на капацитет.
Фокусот на производство на сопствени марки влијае на профитабилноста.
Анто Аугустиновиќ, аналитичар во Erste&Steiermärkische банка смета дека тоа е уште еден потег со кој Атлантик груп воспостави оперативна профитабилност во деловното работење кое создаде загуби.
Повеќе детали можете да прочитате на Лидер.
