Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕМИЛ КРСТЕВСКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО САД: Трамп ќе продолжи со стабилен однос во релација кон Западен Балкан!

ЕМИЛ КРСТЕВСКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО САД: Трамп ќе продолжи со стабилен однос во релација кон Западен Балкан!

Емил Крстевски, доктор по меѓународно право и политика  кој од 2010-2014 година  работел  на неколку проекти  поврзани со американската  надворешна политика  и  учествувал  во работата на неколку Институти и невладини организации  за Фактор ги сподели  првите  впечатоци од  исходот од претседателските избори во САД.

Подготви Горазд ЧОМОВСКИ

Американците покажаа дека сакаат промени и го избраа Доналд Трамп за претседател, кој ќе ги води САД во наредните 4 години. Очигледно мнозинството во САД не е задоволно од политиката што во изминатите осум години, во двата претседателски мандата ја водеше демократот, Барак Обама. 

И покрај тоа што највлијателните и најтиражните медиуми, како и многу моќни компании во САД, застанаа зад кандидатурата на Демократскиот кандидат, Хилари Клинтон, сепак, народот се одлучи во Белата куќа да влезе успешниот бизнисмен и мултимилјардер, Доналд Трамп.

Ова за светот можеби е изненадување, зашто Трамп на почетокот од кампањата немаше ни целосна поддршка од својата партија, зашто се наметна како кандидат кој доаѓа од бизнис-елитата, а не од политичките кругови. Тој и често ги менуваше ставовите или беше контрадикторен во текот на кампањата во однос на неколку важни прашања поврзани со мигрантите, на пример, потоа во однос на односите со Русија, па и во врска со американскиот воен ангажман во странство. Како и да е, не очекувам спектакуларна и радикална промена во однос на надворешната политика, туку извесни промени и нови мерки во однос на внатрешно-политичките проблеми. 

Во однос на Балканот, САД во последниве 15-тина години имаат стабилен однос кој очекувам и натаму да продолжи со поддршка на јакнењето на модернизацијата и демократизацијата на земјите од регионот и на создавање услови за ефикаснимил Крстевски реформи, за динамичен развој, интеграција и унапредување на односите со ЕУ и НАТО.. 

Очекувам и се надевам дека администрацијата на Републиканците, на чело со Доналд Трамп, ќе продолжи со натамошната поддршка за процесите на демократизација во Македонија, за напредок на нашата евро-атлантска интеграција, како и за поскоро праведно решавање на проблемот околу употребата на нашето уставно име.

Слично

Поврзани вести