Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ: Верен сопартиец на Груевски, без црна дамка во кариерата!

ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ: Верен сопартиец на Груевски, без црна дамка во кариерата!
Емил Димитриев е 7-ми македонски премиер. Иако медиумите и партии велат дека е технички, уставно правно тој ќе има мандат за работа како и било кој од неговите претходници. Пред Димитриев на жешката но примамлива фотелја на Илинденска седеа Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски, Никола Груевски. Најдолго на премиерската функција од сите овие луѓе беѓе Никола Груевски, а најкусо Хари Костов. Димитриев е социолог, но има диплома и од Воената академија за резервни офицерии. Роден е во 1979 година во Пробиштип. Во 2011 година за прв пат станува пратеник, а претходно работи како заменик министер за одбрана. Претходните ангажмани се врзуваат во родниот крај во ХС Злетовица и во советот на Општина Пробиштип. Од 2013 година е генсек на ВМРО-ДПМНЕ. Важи за мирен и сталожен човек, работлив и аналитичен, но и целосно посветен на партискиот ангажман. Се досега беше човек од сенка, не беше присутен во бомбите на Заев, па познавачите за него ќе речат дека е вистинското решение за премиерското место. Дури и политичките конкуренти тешко ќе му најдат црна дамка, освен ако како дамка не се земе целосната доверба што во него ја имал Груевски.  
Слично

Поврзани вести