Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЛСТАТ: Пад на грчкото БДП од 7,1 процент во 2012 година

ЕЛСТАТ: Пад на грчкото БДП од 7,1 процент во 2012 година

Бруто домашниот производ на Грција е намален за 7,1 процент во 2012 година, во однос на претходната, покажуваат податоците на националната статистичка служба ЕЛСТАТ, објави грчкото радио „Скај“.

Според ЕЛСТАТ намалувањето на економската активност на Грција се должи на падот на потрошувачката на домаќинствата за 8,2 проценти и на трошоците на Владата за 5,1 отсто.

Во соопштението на статистичката служба се наведува дека намалувањето на грчката економија е помало од очекуваното за четвртиот квартал од минатата година. Според првичните проценки рецесијата кон крајот на 2012 година требала да изнесува 6 проценти. Податоците на ЕЛСТАТ покажуваат дека намалувањето на БДП-то на земјата изнесува 5,7 отсто.

Според проценките на грчкото Министерство за финансии оваа година рецесијата да изнесува 4,5 проценти.

Слично

Поврзани вести