Елон Маск му се спротистави на Вол Стрит – Tesla ќе ги надмине очекувањата
Елон Маск по серија на успешни бизнис одлука се наоѓа пред огромен предизвик со развојот на Tesla Motors, SolarCity која е проценета на 400 милиони долари помалку од предвиденото, забавената продукција на електрични автомобили, како и грижи за активирањето на гига-фабриката која ќе произведува најефикасни батерии.
Инвеститорите ги пројавија првите сомнежи за растот на компанија, а со тоа и новите вложувања на Вол Стрит што доведе и до голем пад на вредноста на акциите со делумна препорака до брокерите да се ослободат од нив и да почекаат со купување на нови.
Маск веднаш им се спротистави на инвестициските банкари и менаџери со црните прогнози и им вети дека Tesla ќе се надмине себеси, па сите ќе се изненадат од надминувањата на проблемите и потешкотиите.
За ваквата конфротација Елон или вистинскиот Iron Man како што многумина сакаат да го нарекуваат, доби големи пофалби од бизнисмените за упорноста и вербата во својот тим. Tesla им порача на вработените да го „стегнат“ ременот, да ги намалат трошоците и да ја зголемат ефикасноста, а успехот е неизбежен.
Слично
