Елон Маск продава пламенофрлачи за зомби апокалипсата
Ексцентричниот милијардер Елон Маск ја изненади јавноста со понудата на неговиот пламенофрлач изработен од The Boring Company кој чини само 500 долари, а може да биде одлично решение за самодобрана во случај на зомби-апокалипса.
Милијардерот настапи со серија на бизарни твитови кои е тешко да се проценат дали се навистина паметни, смешни, духовити или Маск малку „забегал“ со неговите експерименти на социјалните мрежи.
Маск беше обвинет од теоретичарите на заговори дека сака да предизвика зомби апокалипса за да ја крене цената на неговите производи, што тој сериозно си ги сфати и почна на циничен начин да објаснува на Твитер дека за таков план ќе му биле милиони зомби, а тој немал фабрика каде да ги создаде.
Слично
