Економија, финансии, бизнис

Контакт

Елитата во Давос ќе се бави со Трамп наместо големите визии, а Мицкоски ќе „ловел“ инвестиции

Елитата во Давос ќе се бави со Трамп наместо големите визии, а Мицкоски ќе „ловел“ инвестиции

Светскиот економски форум во Давос со години наназад беше централно место на глобалната елита на кое можеше да се разговара за големите визии на богатите и моќните, од решавање на климатските последици, па се до менување на социјалните врски и пренагласеноста на „индвидуалните“ човекови права. Но, сега реалноста е поинаква, американскиот претседател Доналд Трамп води политика без преседан во досегашната историја на САД во однос на сојузниците, а светот не бил никогаш поблиску до трета, а можеби и нуклеарна војна. 

Во такви услови, македонскиот премиер Христијан Мицкоски ќе учествува на дел од дискусиите во Давос, а поканет е на три панели на кои ќе даде дел од неговата перспектива како лидер на мала балканска земја која со децении чека влез во Европската Унија.

Мицкоски исто така најави дека форумот заедно со високата владина делегација ќе се обидат да го искористат за подобрување на домашната економија и привлекување странски инвестиции. 

Главното мото или тема на состанокот во елитното швајцарско одморалиште во Давос годинава е „во духот на дијалогот“, што се чини како да се срочено во последните неколку денови пред да започне самиот форум. Засега на централната сцена ги нема големите теми како подемот на вештачката интелигенција, решенија за климатската криза, влијанието на Ген Зи на пазарот на труд и глобалната потрошувачки или идентитетските проблеми во западниот капитализам. 

Можеби некаде скришно ќе се проговори за подемот на нео-комунизмот и антикапиталистичкото расположение по успехот на њујоршкиот градоначалник Зохран Мамдани. Но, дефинитивно главна преокупација на форумот ќе биде „контаминирање“ на замавот на американскиот претседател Доналд Трамп и сочувување на специјалните односи меѓу САД и Европа како и компактноста на НАТО и тоа што значи колективен Запад. 

Елитите во Давос ќе се обидат да најдат рамка за одржување на воспоставениот економски систем во услови на зголемена недоверба, протекционизам и ревизија на правилата на игра, и очајно барање предвидливост во меѓународните односи и етаблираните меѓународни тела и институции. 

Во секој случај добро е што во вакви тензични и неизвесни геополитички состојби на големата сцена имаме македонски претставник, кој можеби ќе биде во „претсобјето“ но, доволно блиску за добие каква таква претстава за тоа што може да не очекува во блиска иднина и како подобро да се позиционира државата. 

Х.С.

Слично

Поврзани вести