ЕЛЕМ одржа аукција за набавка на дополнителни количини електрична енергија, кои се најповолните понуди?
АД ЕЛЕМ денеска одржа јавна аукција за набавка на дополнителни количини електрична енергија за потребите на на тарифните потрошувачи (домаќинствата и помалите индустриски потрошувачи) за месец ноември.
Од пријавените шест фирми, најповолна цена понудија фирмите ГЕН-И Продажба ДООЕЛ Скопје, ЕФТ Македонија ДООЕЛ Скопје и ДАНСКЕ Комодитис ДООЕЛ Скопје.
На аукцијата беа купени 29,7 GWh електрична енергија по средна цена од 62,8€/MWh.
Набавката беше поделена на два лота, базна електрична енергија и врвна електрична енергија.
За првиот лот, базна енергија, понуди дадоа сите пријавени учесници. По 57 поддавања почетната цена од 62,88€/MWh се намали на 57,95€/MWh, по која беа купени 12MW од понудувачот ДАНСКЕ Комодитис ДООЕЛ Скопје и 8MW по цена од 58,05€/MWh од понудувачот ГЕН-И Продажба ДООЕЛ Скопје, односно за првиот лот постигната е просечна цена од 57,99€/MWh. За споредба, цената за базна електричната енергија за ноември на берзата HUPX во Унгарија е 58,86€/MWh.
За вториот лот, врвна електрична енергија, понуди дадоа двајца учесници. По 48 поддавања почетната цена од 72,11€/MWh е намалена на 67,31€/MWh, по која беа купени 25MW од понудувачот ГЕН-И Продажба ДООЕЛ Скопје и 5MW по цена од 67,41€/MWh од понудувачот ЕФТ Македонија ДООЕЛ Скопје, односно просечна постигната цена за овој лот е 67,31€/MWh. За споредба, цената за врвна електричната енергија за ноември на берзата HUPX во Унгарија е 73,93€/MWh.
Вкупната вредност на набавката изнесува 1 865 154 евра.
Листата на правни лица кои учествуваа на денешната јавна аукција
за набавка на електрична енергија
ГЕН-И Продажба ДООЕЛ Скопје
ЕФТ Македонија ДООЕЛ Скопје
ДАНСКЕ Комодитис ДООЕЛ Скопје
МВМ Партнер ДООЕЛ Скопје
ЕВН Трејдинг ДООЕЛ Скопје
ЕНЕРЏИ УИНД ДОО Струмица
АД „Електрани на Македонија“
