Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЛЕМ: Нема проблеми во работењето на РЕК Битола

ЕЛЕМ: Нема проблеми во работењето на РЕК Битола
РЕК„Битола“ работи во услови на грејна сезона во согласност со  потребите и барањата на ЕЕС на државата  Сите производни капацитети на комбинатот се насочени кон остварување и обезбедување на потребното количество на електрична енергија и работат со капацитет соодветен на динамиката која ја  налага  производниот процес. Засега оваа цел се остварува континуирано и нема никакви проблеми со снабдувањето  на тарифните потрошувачи во државата со електрична енергија, стои во реакцијата на ЕЛЕМ, а како одговор на денешните обвинувањата од страна на опозицијата за лошото работење на Рек Битола. Од компанијата објаснуваат дека проблемите во главниот транспортен систем за јаглен од ПК Брод – Гнеотино до ПК Суводол кој неодамна се пушти во функција и работи во задолжителниот гарантен рок биле вообичаени за функционирањето на вакви големи системи, а кадровските смени биле направени за подобрувањето на работата и заштита на интересите на РЕК Битола. Тие информираа и дека во последните неколку години се направени големи инвестиции во повеќе  капитални проекти, извршена е модернизација и автоматизација на турбо агрегатите и генераторите на трите енергетски блока на термоелектраната, започната е модернизацијата на котлите во термоелектраната, отворени се два нови рудници – ПК Брод – Гнеотино и Подинската јагленова серија на ПК Суводол, засилени се производните капацитети со нова рударска опрема, роторни багери, багери дреглајни, одлагачи, а минатата годинава заврши и монтажата на Главниот транспортен систем за јаглен од ПК Брод – Гнеотино до ПК Суводол во должина од 10 километри.    
Слично

Поврзани вести