ЕЛЕМ ќе земе заем за да гради фотонапонска електрана кај ТЕЦ Осломеј
ЕЛЕМ ќе позајми пари за да изгради нова фотонапонска електрана во близина на ТЕЦ Осломеј. Проектот кој вреди 10 милиони евра треба да се финансира од комбинирани извори, а Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска соопшти дека ја разгледува можноста да го обезбеди заемот. Електраната ќе биде изградена врз исцрпениот рудник за јаглен ТЕЦ Oсломеј, а произведената електрична енергија ќе биде директно продадена во мрежата.
Проектот е дел од стратегијата на ЕЛЕМ за диверзификација на производствениот микс од јаглен и зголемување на уделот на производството од обновливи извори на енергија што ќе обезбеди чиста енергија во земјата, во услови на зголемено загадување со јаглерод.
Вкупните проценети трошоци на проектот се до 10 милиони евра, пари за кои ќе терба да се набави и да се инсталира фабриката која ќе има капацитет од 10 мегавати.
