ЕЛЕМ ќе чека Владата да каже што да се прави со Попова Шапка
АД ЕЛЕМ ќе чека одговор од македонската Влада што да се прави со зимскиот туристички центар Попова Шапка, откако јавноста реагираше дури и со протести против нефункционалната инфраструктура и честите прекини на струја кои го отежнуваат скијањето и рекреирањето на шарпланинскиот бисер.
Од АД ЕЛЕМ, чија фирма-ќерка Елем Турс стопанисува со Попова Шапка, велат дека анализата многу брзо ќе биде испратена во Владата од каде ќе чекаат мислење што да прават со менаџирањето на центарот и загубите.
„Се прави анализа за состојбата на Елемтурс и информација за тоа, која ЕЛЕМ треба да ја испрати до владата и да добие насоки за понатамошно делување во однос на фирмата-ќерка Елем турс, која работи со потешкотии и загуби од самото нејзино основање во 2012г.“ гласи одговорот на АД ЕЛЕМ.упатен до ТВ21.
