Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЛЕМ: К-15 плаќаме поради добрите резултати, а не за да оставиме празна каса!

ЕЛЕМ: К-15 плаќаме поради добрите резултати, а не за да оставиме празна каса!

Не се празни касата на компанијата, туку поради добрата финансиска кондиција се исплаќа заостанат регрес за К-15, тврди менаџментот на државната компанија ЕЛЕМ, каде забрзано на вработените годинава им се исплатени три заостанати суми за регрес за годишен одмор.

„АД ЕЛЕМ како резултат на  реформите и инвестициските активности кои ги спроведе во изминатите години е во одлична финансиска кондиција и минатата година ја заврши со добивка од 13,7 милиони евра после оданочување.  Во договор со синдикалната организација, а  согласно  Колективниот договор, кон крајот на 2016 година донесена е одлука да се исплатат заостанатите регреси за годишен одмор за периодот  2014 - 2016 година, велат од ЕЛЕМ за Фактор.

Претходно пак, според информциите на Фактор, дел од вработените во компанијата, веќе имале поднесени и тужби пред судовите поради неисплатен К15, и судските спорови завршиле во корист на работниците.

„Со целосната исплата на регресот за годишен одмор, компанијата се заштити од понатамошни правни спорови од вработените  кои согласно Колективниот договор ги побаруваа  заостанататите  исплати по предметната основа“, велат од ЕЛЕМ.

При тоа од компанијата наведуваат дека се изненадени, од написите со кои, како што велат се оспорува одлуката на Управниот одбор на компанијата да ги исплати регресите за одмор кон вработените за 2014, 2015 и 2016 година. 

Фактор, вчера не ја оспори одлуката на ЕЛЕМ, туку само посочи дека исплатата се прави одеднаш за заостанати три години, и при тоа се случува токму во време кога се најавува смена на власта, што отвора прашање дали сега се прави со цел да се остави празна каса на новата власт. Инаку,  ЕЛЕМ, од почетокот на годинава исплати повеќе од 3 милиони евра за заостанат К-15 за работниците. 


Слично

Поврзани вести