Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЛЕМ ја гланца фасадата, ќе го реконструира хотелот „Попова шапка“

ЕЛЕМ ја гланца фасадата, ќе го реконструира хотелот „Попова шапка“
Државните електрани влегоа во реконструкција на дел од несуштинските делови на фирмата. Прв што ќе се поправа е хотелот „Попова шапка“ во истоимениот зимски туристички центар. За таа работа е објавен оглас за ангажирање на изведувач за реконструкција и опремување на дел од хотелот по принципот "клуч на рака". 50 Поени носи цената на изведбата, по 20 референцата на фирмата и квалитетот на материјалите, а 10 рокот за изведба на реконструкцијата. Понудите треба да се достават до 29-ти октомври. Подновувањето на „фасадата“ на ЕЛЕМ се прави во време на распишан тендер за избор на консултантска куќа за текот на приватизацијата на најголемата македонска компанија.
Слично

Поврзани вести