Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЛЕМ ги демантира СДСМ: Податоците за причините за поскапување на струјата не се точни!

ЕЛЕМ ги демантира СДСМ: Податоците за причините за поскапување на струјата не се точни!
Податоците за презентираниот увоз на електрична енергија што ги презентирал опозицискиот СДСМ на денешната пресконференција како причина за последното поскапување на струјата, всушност го содржат и увозот на електрична енергија што самостојно на либерализиран пазар, почнувајќи од 2008 година го вршат големите индустриски капацитети, реагира попладнево ЕЛЕМ. „Токму тој увоз има најголем удел во вкупниот увоз на електрична енергија во Република Македонија. Сепак, оваа ставка нема влијание врз цената на електричната енергија за домаќинствата, бидејќи станува збор за билатерални договори меѓу лиценцираните трговци со електрична енергија и големите индустриски потрошувачи“, појаснуваат од државните Електрани на Македонија. Енергетската компанија ги демантира и информациите на опозицијата дека не се инвестира во енергетската мрежа - за одржување и реконструкција на постојаните термо и хидроелектрани, како и за изградба на нови капацитети инвестирани се меѓу 50 и 75 милиони евра годишно. Притоа, ЕЛЕМ потсетува на сите изведени и планирани инвестиции кои треба да го зголемат проиводството на електрична енергија: ХЕЦ „Света Петка“, Паркот на ветерни електрани „Богданци“, модернизација и автоматизација на РЕК Битола, рудникот за јаглен Брод Гнеотино. Во следниот период ЕЛЕМ најавува активности на изградбата на хидроелектраната Бошков Мост, хидросистемот Луково Поле, и хидроелектраната Шпилје 2, а во тек се и подготвителните работи за изградба на систем за Топлификација на Битола и околината. „АД ЕЛЕМ и во наредниот период продолжува со реализација на најавените енергетски проекти кои на среден и долгорочен план ќе го зголемат домашното производство и ќе ја подобрат енергетската ефикасност на постојните капацитети“, се истакнува во реакцијатта на пресконференцијата на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.
Слично

Поврзани вести