Економија, финансии, бизнис

Контакт

Електронското плаќање патарина би можело да стартува уште оваа недела

Електронското плаќање патарина би можело да стартува уште оваа недела

Електронската наплата на патарина долж Коридор 10 би можело да стартува уште оваа недела. Според неофицијални информации од Јавното претпријатие за државни патишта, тоа би можело да се слкучи веќе в среда.

Со ваквиот начин на плаќање граќаните би можеле да заштедат само 2 до 7 отсто во однос на класичната наплата, но овој начин пред се треба да овозможи помали чекања на наплатните рампи особено во летниот период.

Функционирањето на проектот, за кој беше потпишан договор за негова реализација со турската компанија „Аселсан“ во ноември 2014 година, бешпе одложуван неколку пати, а претходно зададениот рок беше во јуни.

Првичниот рок за пуштање во употреба на системот за наплата со електронски уреди беше почетокот на 2016 година. 

Целокупната опрема во вредност од над 18 милиони евра веќе е инсталирана на патарините долж Коридорот 10. 

Слично

Поврзани вести