Економија, финансии, бизнис

Контакт

Електронските цигари не помагаат да се откажете од пушењето

Електронските цигари не помагаат да се откажете од пушењето

Електронските цигари не им помагаат на пушачите да се откажат од тутунот, покажуваат резултатите на една голема студија.

Авторите на студијата утврдиле дека луѓето кои ги користат е-цигарите, всушност е за 28% помалку веројатно да се откажат од традиционалните цигари. Наодите се голем удар за водечките здравствени експерти, кои постојано изјавуваат дека електронските цигари се клучен инструмент за намалување на пушењето.

Истражувањето е објавено во весникот „Lancet Respiratory Medicine“ и е објаснето категорично дека е-цигарите не им помагаат на пушачите да престанат со штетната навика и не треба да бидат препорачувани за таа цел.

Резултатите од истражувањето се појавија 2 недели откако британските здравствени регулатори ја одобрија првата електронска цигара за медицинска употреба. Тоа значи дека лекарите во Велика Британија можат да ја препишуваат на пациентите. Електронските цигари содржат течна форма на никотин, кој се загрева и испушта чад кој се вдишува избегнувајќи ги штетните материи предизвикани од тутунскиот чад.

Слично

Поврзани вести