Електронски ќе се регистрира залогот во Централниот регистар
Регистрацијата на залог во Централниот регистар во иднина ќе се врши по електронски пат. Инвестицијата во надградбата на системот чини 250.000 евра.
Со оваа новина надлежните очекуваат да се скратат редовите пред шалтерите и времето потребно за спроведување на постапката, да се подобри квалитетот на услугите и да се олесни водењето на бизнис.
„Значително ќе се забрза постапката за заложување на имотот, без да биде потребно физичко присуство, а целиот процес ќе се реализира само со дигителен сертификат. Со поднесувањето пријава по електронски пат, потпишана со дигитален сертификат на нотарот, ќе се заштедат време и средства“, рече Андреа Поповски, в.д. директор на Централен регистар.
Надградувањето на Заложниот регистар во целосно електронско решение е дел од последната компонента на проектот „Едношалтерски систем“. Контурите од досегашниот процес на регистрација во хартиена форма се задржани, но отсега постапката ќе се одвива и преку компјутер.
Слично
