Електрична инсталација – причина за пожарот во домот на Манчевски
Оштетен кабел за струја, кој предизвикал спој е најверојатната причина за пожарот кој избувна рано утрово во подрумските простории во домот на познатиот режисер Милчо Манчевскки, јави Плусинфо повикувајќи се на информации од Противпожарната бригада на Скопје.
Во огнот изгореле стари плакари и други предмети. Интервенирале три противпожарни возила и осум пожарникари.
- Пожарот за кратко беше локализиран, а причинета е материјална штета од околу 30.000 денари. Станува збор за опожарена прострија во подрумот од куќата, каде се чувале дотраени предмети кои сопственикот на куќата планирал да ги фрли - објасни раководителот на смена на ПБС.
Причина за пожарот најверојатно е кабелот за струја, кој уште вчера бил пуштен во подрумот за осветлување на просторијата каде имало работници кои ја чистеле оставата, велат од ПБС. Работниците утрово требало да продолжат со работа, но најверојатно дошло до некаков спој поради што бил предизвикан пожарот.
Слично
